Објавен тендерот за пругата Битола - Кременица

Bez autora
Apr 16 2014

Европската унија вчера го објави тендерот за градежни работи за реконструкција на железничката пруга Битола - Кременица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони евра, која опфаќа обнова на пругата кон Грција со должина од 17 километри, како и изградба на кракот кон индустриската зона Жабени во близина на Битола. Компаниите кои ќе учествуваат мора да имаат гаранција од 300.000 евра, а онаа што ќе го добие тендерот треба да достави и гаранција во висина од 10% од вредноста на инвестицијата. На тендерот може да се јават компании кои во последните три години имале добивка од најмалку 26 милиони евра, а мора да имаат успешно завршено барем една реконструкција или изградба на пруга по која возовите се движат со брзина од 100 километри на час. Вредноста на завршената работа треба да изнесува најмалку 20 милиони евра.

Објавен тендерот за пругата Битола - КременицаЕвропската унија вчера го објави тендерот за градежни работи за реконструкција на железничката пруга Битола - Кременица.

Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони евра, која опфаќа обнова на пругата кон Грција со должина од 17 километри, како и изградба на кракот кон индустриската зона Жабени во близина на Битола.

Компаниите кои ќе учествуваат мора да имаат гаранција од 300.000 евра, а онаа што ќе го добие тендерот треба да достави и гаранција во висина од 10% од вредноста на инвестицијата. На тендерот може да се јават компании кои во последните три години имале добивка од најмалку 26 милиони евра, а мора да имаат успешно завршено барем една реконструкција или изградба на пруга по која возовите се движат со брзина од 100 километри на час. Вредноста на завршената работа треба да изнесува најмалку 20 милиони евра.

Тендерот е отворен до 27 мај, кога се очекува да бидат отворени понудите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik